Ивсофт Дизајн – Политика за дисциплина и одговорности верзија 1.0
1. Вовед
Оваа политика ја дефинира дисциплината и одговорностите на вработените, како и мерките кои ќе се преземат во случај на непочитување на правилата.
2. Одговорности на вработените
- Да ги извршуваат работните задачи навремено и квалитетно.
- Да се придржуваат до Кодексот на однесување.
- Да ги чуваат ресурсите на фирмата (опрема, акаунти, податоци).
- Да почитуваат доверливост на податоците.
3. Дисциплински прекршоци
Следниве се сметаат за дисциплински прекршоци:
- Нередовно доаѓање на работа или неоправдано отсуство.
- Непочитување на рокови без оправдана причина.
- Непочитување на колегите или клиентите.
- Злоупотреба на опремата или средствата на фирмата.
- Споделување доверливи информации без дозвола.
4. Дисциплински мерки
Во зависност од тежината на прекршокот, може да се преземат следни мерки:
- Усна опомена (прва повреда).
- Писмена опомена (повторена повреда или посериозно прекршување).
- Привремено одземање на одредени привилегии (на пр. remote работа).
- Намалување на бонус или друга финансиска корекција.
- Решение за отказ (во случаи на сериозни повреди или повторени прекршоци).
5. Права на вработените
- Секој вработен има право да даде објаснување пред да се донесе дисциплинска мерка.
- Секој вработен може да поднесе жалба до HR или CEO во рок од 5 дена од донесување на мерката.